Банки-Источна Европа
13 јуни 20058 илјади соработници.
Ниту Милано каде што е седиштето на Уникредит, ниту Минхен каде што е сместена Хипоферајнбанк, не можат да и понудат се што е потребно на новата голема банка: искуства што ќе значат добивка и не само ангажман во пазарот на иднината Источна Европа. Во Австрија се убедени дека без нивните банки ништо нема да оди како што треба. Затоа, решението новата голема банка да се води од Виена е примено со нескриено задоволство. Ова е една од најдобрите вести од ХФБ од Минхен која пред пет години ја презеде австриската БА-ЦА. Во договорот наречен „Банка на регионите„ уште тогаш беше гарантирано дека источните зделки остануваат во Виена. Па,сепак, со недели се вртеше прашањето дали БА-ЦА ќе остане самостојно оперативна. Михаел Мендел од Хипоферајнбанк, неодмна го соопшти решавачкиот сигнал:
„Австријците неоправдано страхуваат зашто нивната сила е нивниот успех. Тоа од секого се почитува„.
Без сомневање, тоа е добро за Австрија и посебно за вработените во БА-ЦА. зашто можеше да се случи како жртва на спојувањето да бидат укинати околу 9 илјади места. Италијанската Уникредит уште пред преземањето на ХФБ размислуваше за чекор во Источна Еропа. Во некои земји новите партнери ќе дојдат во судир, пред се во Полска, Хрватска и Бугарија. Индиректно, Уникредит одржува околу 800 полски филијали, а Банк Аустрија Кредитаншталт, околу 466. Според изјавите на некои менаџери само таму повеќе илјади службеници би останале без работа. Во секој случај полските претставништва ќе бидат затворени, а веројатно и оние во Хрватска. Во поранешните ју-републики новите партнери се застапени со свои филијали со по 111 односно 193. Поповолна е ситуацијата во Србија, Босна, Словенија и Унгарија. На овие пазари беше активна само ХФБ БА-ЦА, но не и италијанската. Во Турција е обратно. Па сепак, Михаел Мендел кон средината на мај, изјави:
„Банката Аустрија Кредитаншталт во последните години одлично се разви. Овде ќе се разговара за тоа натаму успешно да се развива континуитетот на банката„.