Бакојани ќе бара германска и британска поддршка во спорот со името
2 ноември 2007Реклама
Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, в понеделник ја почнува дводневната посета на Германија и Велика Британија на разговори поврзани со Западниот Балкан. Атина, според весникот “Катимерини“ сака да ги искористи своите адути и да лансира свој предлог за сложено имеза решавање на спорот со Скопје и во таа насока се надева на поддршка од Лондон, Париз и Берлин.