Бакојани против еднострано решение за Косово
10 септември 2007Реклама
Шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани изрази загриженост од ситуацијата на Косово и се изјасни против еднострано решение за косовскиот проблем. Во интервјутот за Франкфуртер Алгемајне Сонатгцајтунг, Бакојани истака дека за регионот ќе биде мошне сложено ако некои страни се почувствуваат понижени од решавањето на косовскиот проблем. Треба да им се даде шанса на косовските Албанци и на Србите да водат вистински преговри, потенцираше министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани.