1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани: мора да се пронајде едно име

1 декември 2007

*

https://p.dw.com/p/CVRW

Минстерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани изјави дека „Македонија и Грција мора да најдат едно име и едно решение кое ќе биде јасно, употребливо и ќе важи за сите“. „Доколку не пронајдеме такво име, наместо да ги намалиме, ќе ги зголемиме проблемите во иднина“, рече Бакојани во денешното интервју за „Утрински весник“. Според Бакојани спориот пат на Македонија кон ЕУ и НАТО е недоволната брзина на исполнување на реформите, а не спорот со името.