Баер Леверкузен поразен во Букурешт
30 ноември 2006Реклама
Баер Леверкузен синоќа на гостувањето во Букурешт против Динамо, пропушти добра можност да обезбеди пласман во натамошните натпревари. Иако имаше повеќе од играта и го отвори резултатот, на крајот беше поразен со 2:1. За презимување во Европа, Баер во последното коло на домашен терен ќе мора да го победи Бешикташ со што ќе ја обезбеди третата позиција во групата, сега е последен со еден освоен бод.
Макаби на гости против Ливорно во последните моменти од натпреварот обезбеди бод, 1:1, Севиља го декласираше Грасхоперс со 4:0. Парма го совлада Ленс со 2:1. Претходно пласман во наредната фаза обезбедија Њукасл, Блекбурн и Гласгов Ренџерс. Вечерва на програмата се натпреварите од групите Е,Ф, Г,Х. Ајнтрахт на домашен терен го пречекува Њукасл.