Баерн освојувач на купот по 13-ти пат
30 април 2006Баерн и Франкфурт играа рамноправно прво полувреме на преполниот олимписки стадион во Берлин . Франкфурт дури имаше и повеќе шанси за постигнување гол во првите 45 минути.
Веднаш по паузата меѓутоа фудбалерите на Баерн ја презедоа контролата врз играта и имаа неколку изгледни шанси за постигнување на гол , пред се преку холандскиот напаѓач Рој Макаи. Сепак голот кој ги доведе до одбраната на титулата , го постигна вториот напаѓач во вчерашниот состав на Баерн , Клаудио Пизаро
Босанскиот репрезентативец кој ги играше во првите 45 минути за на Баерн , Хасан Салихамиџиќ по средбата изјави:
„Беше тешко. Ние не игравме добро , морам искрено да кажам , но сепак го освоивме трофејот“
И голманот на баварците Оливер Кан кој со извонредна одбрана на три минути пред крајот на мечот спречи израмнување истотака смета дека среќата одиграла улога како во вчерашниот успех така и во неговата парада во 87 минута :
„За тоа нормално е потребно и малку среќа. Ништо не гледав , пред мене стоеја четворица или петмина. Некако успеав за кратко да го видам шутот и инстинктивно ја подигнав левата рака и успеав“
Неговиот колега на голот на Франкфурт и поранешен македонски репрезентативец , Ока Николов, по средбата изрази разочарување поради пропуштената шанса:
„ Ние бевме многу блиску, добро игравме но спек изгубивме 1:0
„Тие започнаа да го зголемуваат притисокот уште во првото полувреме и тој стануваше се поголем . Баерн е впрочем една врвна европска екипа. Против нив мора да се постигне гол инаку немате шанси“
Фудбалерите од Минхен кои се на пат и да ја одбранат шампионската титула во Бундеслигата трета година по ред го освојуваат купот на Германија . Играчите на Баерн меѓутоа по мечот се радуваа како да им е ова прва титула по подолг период. Менаџерот Ули Хенес има објаснување за тоа :
„Многу екипи никогаш не биле победници во купот на Германија. За нашите играчи тоа е секогаш одново извонредно нешто, кога можат на фановите да им презентираат уште една титула“