1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн на чекор од титулата, Шалке 04 повторно киксна

25 април 2005

Баерн од Минхен на чекор од шампионската титула во Бундеслигата. По саботната победа на домашен терен против Бохум од 4:1 на баварците во последните 4 кола им е потребна само една победа за да го обезбедат големиот трофеј.

https://p.dw.com/p/AelA
Михаел Балак
Михаел БалакФотографија: AP

Баерн со головите на Клаудио Пизаро, Михаел Балак и Рој Макај многу лесно дојде до победата. Филип Тапаловиќ го постигна единствениот гол за гостите. Тренерот на баварците Феликс Магат секако задоволен од резултатот, се надева дека веќе во следното коло Берн ќе биде нов шампион:

„Ние имаме искусен тим ја знаеме ситуацијата и ќе направиме се што е потребно за да не бидеме непријатно изненадени. Многу концентрирано ќе се подготвуваме за средбата со Кајзерслаутерн и ќе се обидеме веќе со победа таму, се да расчистиме„ рече Магат

Бохум кој во финишот од првенството го очекува тешка задача за да обебзеди евентуален опстанок може само да жали заради неколкуте пропуштени изгледни гол шанси во Минхен. Капитенот Мартин Мајхелбек :

„Така е против Баерн, тие ако имаат една шанса ќе ја сместат топката во гол, а ти можеш само да кукаш по сите шанси што претходно не си ги искористил„

Шалке 04 го загуби здивот во шампионската трка. Во дербито на колото во Берлин финалистот во германскиот куп, претрпе тежок пораз од Херта 4:1, трет последователен со што ги сведе речиси на теорија шансите за шапионска титула. Тимот од Гелзенкирхен, кој две третини од мечот го играше без дефанзивниот Кристијан Поулсен, кој во 23 минута заработи црвен картон го очекува тешка задача, зад врат во битката за втората позиција која носи директен пласман во лигата на шампионите, му дишат Штутгарт и Херта.

„Што се однесува до второто место можеме да го обебзедиме со сопствени сили и според можностите сакаме и да го заслужиме тоа сега ќе биде тешко меѓутоа мораме да ги стиснеме забите. Верувам во тимот дека на крајот ќе успееме зашто по поразите сега повторно доаѓа сонце„ вели голманот и капитен на Шалке, Франк Рост

Киксот на Шалке не го искористи Штутгарт кој на домашен терен одигра мирољубиво, без голови против Волфсбург. Баер од Леверкузен на домнашен терен триумфираше против актуелниот шампион Вердер со 2:1 со што останува во трка за пласман во купот на УЕФА. Интересно до крајот ќе биде во долниот дел од табелата каде Фрајбург со само 17 бодови може да се каже дека веќе е второлигаш. 14 то пласираниот Мајнц го совлада Хановер со 2:0 и со 34 освоени бодови се проби во сигурната зона . Ханза, со поразот од 3:0 против Хамбург не ветува дека во финишот може да направи пресврт. Мртвата трка за опстанок ќе се води меѓу 15 пласираната Борусија Менхенгладбах која на гости во Нирнберг освои бод и Бохум кој заостанува со два бода на 16 место.