1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн, во шампионски чекор!

13 февруари 2006

Прволигашите го одиграа 21 коло кое покрај неколкуте изненадувања, не донесе позначителни промени во врвот на табелата

https://p.dw.com/p/AejS
Михаел Балак и Хасан Салихамиџиќ-Баерн Минхен
Михаел Балак и Хасан Салихамиџиќ-Баерн МинхенФотографија: AP

Баерн од Минхен е се поблиску до титулата шампион во фудбалската Бундеслига. Со вчерашната победа против Нирнберг од 2:1, баварците ја зголемија предноста пред конкурентите за највисок пласман. Со 54 освоени бодови на врвот, Баерн се одлепи за цели десет бодови од второпласираниот Хамбург.

Рој Макај и Михаел Балак беа стрелците за Баерн кој во последните моменти од натпреварот успеа да одолее на притисокот на гостите и да го собере целиот плен. Тренерот Феликс Магат по натпреварот изјави дека неговиот тим повторно стартувал слабо и покажал невнимателна, лесноумна игра. Роберт Витек беше стрелец на единствениот гол за гостите.

За разлика од Баерн кој чекори кон титулата, Келн, по вчерашното реми без голови на домашен терен против Борусија Дортмунд, падна на последното,18 место на табелата со само 15 освоени бодови. Избраниците на Ханс Петер Латур и во 16-от последователен натпревар не успеаа да победат. Новајлијата Рикардо Кабанас на трипати беше во изгледна можност но се покажа неефикасен во реализацијата.

Преостанатите натпревари од 21 коло се одиграа во саботата. Најинтересно беше во Гелзенкирхен каде на мечот Шалке- Баер Леверкузен паднаа дури 11 голови. Во супер интересен натпревар домаќинот победи со 7:4 и го задржа чекорот во трката за место во лигата на шампионите.

Вередер од Бремен по киксот на домашен терен против Кајзерслаутерн, загуби со 2:0 падна на третото место. Бубакар Саного на двапати стрелаше прецизно за гостите, кои остварија исклучително значајни бодови во борбата за опстанок.

Киксот на Вердер го искористи Хамбург кој со победата против Мајнц од 2:1 го зазеде второто место на табелата.

Од останатите натрревари:

Арминија го совлада Штутгарт со 2:1. Ајнтрахт на домашен терен загуби од Хановер со минимални 0:1, Волфсбур ремизираше против Херта со 1:1. Реми, но без голови одиграа и Дуисбург и Борусија Менхенгладбах.