1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн во „слободен пад„

20 февруари 2007

Скок на џуџињата од дното на табелата, слаби резултати на врвот. Тоа би било кусото резиме од 22 коло на германската сојузна фудбалска лига:

https://p.dw.com/p/Aegc
Од средбата Баерн-Алеманија Ахен
Од средбата Баерн-Алеманија АхенФотографија: AP

Во саботата фаворитите потфрлија, па Штутграт можеше да се радува. Тие веќе во петокот го совлдаа Франкфурт со 4 спрема 0 и мирно посмтраа како Шалке губи два бода од Волфсбург – 2 спрема 2, Вердер загуби дома со 2 спрема нула од Хамбургер, додека Баерн продолжува со слободниот пад: пораз од Ахен со 1 спрема 0. Сега Штутгарт е втор, но тренерот Армин Фе и натаму предупредува: наша цел не е шампионската титула. Ние сакаме само да играме убав фудбал, сосема спротивно од она што го тврди шефот на Вердер Томас Шарф. Зашто и попоразот од Хамбургер, Шарф не е подготвен да ја коригира целта во оваа сезона: за нас и натаму шапинската титула е на прво место.

За Баерн од Минхен веќе не. Поразот од 1 спрема 0 од Алеманија Ахен беше нов удар за годриот рекорден шампион. Со ваква игра во опасност е доведено и натамошното учество во лигата на шампионите: в среда на гостување против Реал од Мадрид, а со тоа и финансискиот ефект ако биде елиминиран. Ни недостигаат десет проценти волја и страст вели тренерот повратник Отмар Хицфелд. Капитенот, големанот Оливер Кан уште за време на натпреварот ги атакуваше соиграчите: се разбира дека на секој натрпевар треба да се биориме како да сме пред излегување од лигата. Тоа е најмалку што може да се побара од сите нас.

Дуири и најсилниот досега – лидерот на табелата Шалке покажа слабости. Место можната седма победа по ред со што ќе го зголемеше водството рпед вердер на 7 бодови, по водтсвото од 2 српема 0, сепак оставија два бода во Волфсбург играјќи нерешено. Тренерот Мирко Сломка сепак спокојно реагира: сега играме двапати дома и повторно можеме да поентираме.

Меѓутоа, во германската сојузна лига веќе ништо не може да се прсеметува,з ашто стана мора од типот на лото. На пример Мајнц. Со победата против Херта од Берлин со 2 спрема 1 и тоа на гости, по Шалке оваа екипа е најдобра во вториот дел: во пет натпревари освоија 13 бода, два повеќе од целата есенска сезона. Исто така од дното поентираа Ахен и Хамбургер, па сега битката за опстанок се прошири врз многу повеќе екипи. Борусија Дортмунд со тешката победа против истоименкотод Менхенгладбах од 1 спрема 0 спречи и самата да се најде на тој список борци, додека Гладбах тоне и натаму и покрај промената на тренерот која досега не донесе ништо позитивно.