1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бадинтерово мнозинство во Тетовското собрание

Свето Тоевски1 декември 2006

Само со постигање консензус преку компромиси можат да се надминат меѓусебните бариери и да бидат донесени одлуки од чувствителните паршања од животот во етнички мешаните средини

https://p.dw.com/p/Adae
Тетово-првпат заедничка одлука на сите советници
Тетово-првпат заедничка одлука на сите советнициФотографија: AP

Половина година откако принципот на Бадинетеровото мнозинство беше внесен во статутот на општина Ттеово,тој вчера го имаше своето прво успешно деби.Токму на политички особено чувствителното прашање на преименување на улиците плоштадите,мостовите и други објекти,четворица од петтемина советници Македонци им се придружија на своите колеги Албанци во Комуналниот совет и го дадоа својот глас за списокот со предлозите за стотина имиња на личности,настани и датуми од албанската и македонската историја и култура.Виден беше стремежот кај народните избраници од локално ниво од двата етникума без оглед кој е во општината мнозинство или малцинство,за заемен консензус преку компромиси и одбегнување екстремни предлози кои би предизвикувале национални надразнувања,реакции па и етнички поларизации.Претседателот на општиснката комисија за меѓуетнички прашања Аднан Нукиу констатираше:

-Комисијата едногласно ја усвои одлуката за преминување.Целосно и се дава поддршка оти тоа претставува општи интерес за сите граѓани во Општина Тетово.ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кои никако не можат да најдат заеднички јазик на ниво на државата,во Тетово повремено соработуваат без некои поголеми тензии во активностите на локалните власти.Советникот од оваа партија Кочо Самоиловски беше единствениот меѓу своите колеги од македонскиот блок кој остана воздржан ,со изразено барање да не бидат натаму како партии исклучувања од догиоворањата за претстојните преминувања и на други објекти во општината.

Атила Реџепи,координатор на советничката група во тетовскиот Комунален совет укажува:време беше да се ревидираат анахронизмите и неправилностите од минатото:

-Постојат голем број имиња на улици кои немаат никаква врска ниту со историјата и културата на било која од етничките заедници што живеат на овој простор.

Голем број од имињата се од периодот на комунизмот,кој и од страна на Европскиот парламент беше означен како мрачен период кога беа газени елементарните граѓански и човечки права.

Координаторот на советничката група на СДСМ Небојша Богатиновски е категоричен:бариерите едни кон други не водат напред,туку само меѓусебното разбирање.

-Во разговорите што ги имавме со координаторите на сите политички партии,кои партиципираат во овој совет,не беше најдена никаква забелешка .

Инаку барањето за новите имиња на разни објекти беше поднесено уште во јануари оваа година.