1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

А зошто не Франц?

БГ/дв/дпа20 март 2013

Французите новиот папа го нарекоа Франсоа, Шпанците - Франциско, Британците и Американците - Франсис, а Хрватите - Фрањо. Само Германците упорно го користат латинското име Францискус.

https://p.dw.com/p/180dC
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Дилемата околу формалноста на редниот број беше експресно решена. До името на новиот папа не треба да стои „Први“, соопшти портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди веднаш по изборот на папата, бидејќи досега немало папа со тоа име. Така беше и во 1978 година кога за папа беше избран Албино Лучиани, кој го одбра името Јован Павле. Кога Карол Војтила ги презема функцијата и името по неговата смрт, неговиот претходник постхумно ја доби додавката „Први“.

За разлика од редниот број на новиот папа, проблемот со неговото име останува актуелно. Французите веднаш го нарекоа Франсоа, Шпанците Франциско, Британците и Американците Франсис, Италијанците Франческо, но Германците и натаму го користат формалното латинско име Францискус. И тоа иако кај неговиот претходник Бенедиктус немаа проблем да го користат името Бенедикт. Во секој случај, Светата столица не одредува како името на папата ќе се интегрира во другите јазици.

Но, тогаш зошто не Франц? Можеби затоа што споменувањето на тоа име Германците ги асоцира на фудбалската легенда Франц Бекенбауер! Шегата на страна. Германскиот научник Јирген Удолф од Центарот за истражување имиња смета дека проблем може да биде и имиџот на името Франц, кое се смета за застарено и досадно. Според Удолф, името Францискус е далеку поавтентично и поради своето латинско потекло далеку подобро му „лежи“ на црковниот имиџ.

Papst Johannes Paul I. (M)
Јован Павле Први беше прв папа во модерната историја со ново имеФотографија: picture-alliance / dpa

Се огласи и Германската бискупска конференција: „Може да се јават несогласувања околу тоа како се нарекува папата. Но, Францискус е познато име во Германија исто како и Франц“. Бискупите, по изборот на новиот папа се согласија дека ќе го нарекуваат Францискус, а тоа го прифатија и германските медиуми. И покрај тоа што претходно, како што објаснува Холгер Клате од Здружението за германски јазик, во Германија речиси сите досегашни папи добиваа „домашни“ имиња.