iPhone 4
24 јуни 2010Нова динамика на пазарот на информатичка технологија и мобилна телефонија: мини-компјутерот на „Епл“, наречен ајпед, имаше извонредно успешен старт - за неколку недели се продадени повеќе од два милиона примероци. Сличен успех се навестува и со новиот „ајфон 4“ - уште пред воопшто да започне продажбата, веќе има уплати за 600 илјади примероци од новиот мобилен телефон.
Обата, и ајпедот, како и ајфонот 4, овозможуваат директен пристап кон онлајн-шоп и можат да се користат за музика, филмови и различни програми. На четвртата генерација на ај-фонот е преработен дисплејот, кој покажува четири пати повеќе пиксли, отколку претходниот модел. Со тоа сликата станува значително поквалитетна, со што, пак, е трасиран патот мобилниот телефон да стане платформа за пласман на весници, списанија и книги. Ајфонот 4 е насочен да се етаблира како мини-компјутер. Освен тоа, подобрена е и камерата, која со снимки со пет милиони пиксли е на најсовремено ниво. Можно е да се прават и видео-снимки од висок квалитет, и дури да може да се врши нивна монтажа на самиот ајфон. Тие функции досега беа резервирани само за скапи видео-камери или компјутери.
Автор: Јерг Брунсман / Зоран Јордановски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска