1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ајнтрахт Брауншвајг го вознемири Бајер Леверкузен

Педи Хигс / Александар Методијев3 ноември 2013

Ајнтрахт Брауншвајг со живост во играта освои победа над Бајер Леверкузен. Бајерн Минхен, пак, со победа над Хофенхајм се врати на врвот во Бундеслигата, земајќи го местото од Борусија Дортмунд.

https://p.dw.com/p/1AApj
Фотографија: Getty Images

Голема радост за Шалке, Борусија Менхенгладбах, Фрајбург и Волфсбург по нивниот успех на гостински терен. Но, местото на насловните страници го „украде“ Брауншвајг со победата над Леверкузен. И покрај победата, тимот и натаму останува на дното на табелата во Бундеслигата, но сега со три поени и гол-разлика може да се спаси од испаѓање од оваа лига.

Се чини дека победата ќе биде најзначајниот момент за клубот оваа сезона. Тој доби некаков вид на помош уште пред да биде шутната топката, со тоа што тренерот на Леверкузен Сами Хипија одлучи да ги одмори некои од ѕвездите во тимот поради Лигата на шампионите.

Фрустрациите на Леверкузен во текот на мечот се зголемуваа, посебно по 20-та минута, кога Роби Круз со слаб шут не успеа да го совлада голманот на Брауншвајг Даниел Давари. Во 81-та мунута Норман Тојеркауф со волеј додаде до Доминик Кумбела, кој пак ја затресе мрежата на Леверкузен. Голот не беше спектакуларен, но беше доволен за да предизвика делириум на стадионот Ајнтрахт.

Fußball Bundesliga 10. Spieltag FC Bayern Munich vs Hertha Berlin Mandzukic 26.10.2013
Марио Манџукиќ (лево)Фотографија: Getty Images

Бајерн се врати на врвот

Победа освои и Бајерн Минхен против Хофенхајм со 2:1. Во 34-та минута од натпреварот, првиот гол го постигна тимот на Хофенхајм преку одбранбениот играч Никлас Зиле. За Бајерн Минхен головите ги постигнаа Марио Манџукиќ и Томас Милер. Со тоа тимот од Минхен си го осигура повторното враќање на врвот на табелата во Бундеслигата.