1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ахтисари се заканува со празна пушка“

Александар Методијев/миа/бета29 јули 2012

Финскиот дипломат и поранешен пратеник на ОН во разговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари смета дека на Србија не треба да и’ се дозволи да стане членка на ЕУ, додека не ја признае независноста на Косово.

https://p.dw.com/p/15g86
Марти АхтисариФотографија: picture alliance / dpa

Прашан од загрепскиот Вечерњи лист да ја прокоментира изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ дека нема да го признае Косово, дури ниту по цена неговата земја да не влезе во ЕУ, Ахтисари рече:

„Ако сакаат во Русија, нека одат таму. Никакви отстапки не се прифатливи, ниту во Босна и Херцеговина, ниту на друго место“.

„На Србија не би требало да и’ се дозволи да влезе во ЕУ додека не го признае Косово. Србија одамна го загуби правото над Косово. Таа долги години лошо се однесувала кон косовските граѓани“, рече Ахтисари, добитникот на Нобеловата награда за мир.

Според него, земјите членки на ЕУ кои го немаат признато Косово, како што се Шпанија, Романија, Грција, Словачка и Кипар, и’ помогнале на Србија во нејзините напори. „Но, уверен сум дека тиа многу брзо ќе се промени“, додаде Ахтисари.

Тој изрази уверување дека „наскоро и стотата земја ќе го признае Косово“. Во текстот се потсетува дека досега независноста на Косово ја призна 91 земја во светот.

Политиката „ЕУ нема алтернатива“ е завршена

Wahlen in Serbien, Vojislav Kostunica
Воислав КоштуницаФотографија: AP

Претседателот на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница денеска ја оцени изјавата на Ахтисари како закана со празна пушка.

Во изјава за агенцијата Бета Коштуница оцени дека Уставот на Србија е „непробијна брана“ за независноста на Косово и оти не ни помислува дека тој би можел да се промени се’ додека е загрозена целовитоста на земјата.

„Ние во вистински момент, во 2007-ма година, обезбедивме Советот за безбедност да го отфрли планот на Ахтисари и со никакви дополнителни уцени не може да се оживее проектот на Ахтисари Србија да го признае Косово“, рече Коштуница.

Тој додаде и дека ЕУ и нејзините членки се соочуваат со криза и оти е јасно дека ЕУ веќе нема толкава привлечна сила за граѓаните на Србија, како што имала, како и оти политиката „ЕУ нема алтернатива“ е завршена во Србија.