Ахтисари во Стокхолм
8 мај 2007Реклама
Нема план Б за идниот стастус на Косово, изјави во Стокхолм специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари, и со ова реагираше на изјавите од Косово, дека ќе се прогласела независнот без согласност на Русија. Не верувам дека некој на Косово при здрав разум би земал вакво нешто в предвид, рече Ахтисари на изјавите за независност. Важно е да се спроведе процесот на ОН, смета Ахтисари, кој учествуваше на конференцијата во Стокхолм посветена на Косово. Ахтисари, кој денеска патува за Берлин, изрази и надеж дека ниту една постојана земја членка на Советот за безбедност нема да го искористи правото на вето против неговиот план.