1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети побара помош од конгресмени на САД за решение за името

СН/АТ/миа26 мај 2013

На средба во Приштина со двајца американски конгресмени, лидерот на ДУИ, Али Ахмети побарал помош од нив за изнаоѓање на компромис во спорот со Грција, за да се забрзаат евроатлантските интеграции на Македонија.

https://p.dw.com/p/18e8D
Фотографија: DW

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во сабота присустуваше на молитвениот појадок на Југоисточна Европа што оваа година се одржа во Приштина, каде се обрати на присутните, а на маргините од овој настан, оствари работна средба со американските конгресмени, Боб Мекивен и Роберт Алдерхорт.

Aхмети се заблагодари на американските конгресмени Мекивен и Алдерхорт за средбата и ги информира за неговата посета на САД на почетокот на овој месец. Ахмети побара помош од американските конгресмени за изнаоѓање на компромисно решение помеѓу Македонија и Грција за спорот со името за Македонија да добие покана за членство во НАТО и да добие датум за започнување на преговори за членство во ЕУ при следниот на самит на Унијата на 27 и 28 јуни оваа година.

Ахмети истотака се заблагодари на САД за инвестицијата од над милијарда долари во изградбата на демократски институции во Македонија по 2001 година и за гаранциите на Охридскиот Договор.

Ахмети подвлече дека оваа инвестиција ќе биде успешна само ако Македонија за зачлени во НАТО и ЕУ што ќе ни гарантира одржлив мир и стабилност. Затоа, Американскиот Конгрес заедно со Владата треба да направат додатни напори за да го заокружиме овој процес со целосен успех.

Лидерот на ДУИ истотака ги повика американските власти да ги поддржат уште повеќе напорите на Метју Нимиц кон изнаоѓање на решение за единствената пречка на земјава за членство во НАТО и ЕУ.

Конгресмените искажаа подготвеност за да го помогнат овој процес и информираа дека во следните денови ќе ја посетат Македонија каде што истотака ќе ја истакнат потребата за изнаоѓање компромис.