Ахмети најави патување само со лични карти и во Косово
15 декември 2011
Лидерот на ДУИ денеска (15.12.2011) најави дека наскоро граѓаните на Македонија ќе можат да ја поминуваат само со лична карта и границата со Косово.
„Она што вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност. Кога и пред десет
години предвидовме во нашата програма дека границите во Западен Балкан треба
да се тргнат, кога и пред десет години изјавуваме дека луѓето треба да
живеат во мир, да се сигурни и дека граѓаните треба да имаат доверба, за
некого можеби изгледаше невозможно, меѓутоа денеска тоа е реалност. Денеска
се потпиша договорот меѓу Македонија и Албанија за нашите граѓани да ја
минуваат границата само со лични карти. Утре ќе се потпише договор и со
Косово и ќе имаме уште понапреднати односи меѓу земјите во регионот, затоа
што ова претставува државна политика, ова е човечна политика која на
граѓаните им овозможува услови во сите полиња и насоки“ се вели во
соопштението на ДУИ.
Автор: СН/ЖА/макфакс
Редактор: Жана Ацеска