1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети во дипломатска офанзива за спорот за името

БГ/макфакс31 јули 2013

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во дипломатска офанзива за конечно решавање на спорот за името, и интеграција на Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО.

https://p.dw.com/p/19Hi3
Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Покрај писмото до поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, Ахмети писма со слична содржина упатил и до, меѓу другите, Јап де хоп Шефер, Хавиер Солана, Питер Феит, Франсоа Леотар, Бернар Валеро, Џејмс Пердју, Кристофер Хил, Сорен Јесен Петерсен и Даниел Сервер. Ахмети од дипломатите бара да го искористат својот авторитет за конечно решавање на овој спор, најпрво преку итното ставање на ова прашање на дневниот ред на меѓународната заедница, а потоа и за зближување на двете страни за започнување на дијалогот кој ќе води и до компромис.

„На 100-годишнината од трагичните Балкански војни, времето е дојдено за помирување меѓу народите на западен Балкан и интеграција на сите наши држави во НАТО и Европската унија. Република Македонија и Грција мора да постигнат договор сега и да го следат патот на компромисот што скоро го постигнаа и Косово и Србија. Тоа значајно би ги унапредило меѓусоседските односи, но и ќе осигура мир, сигурност и стабилност за целиот регион на западен Балкан“, наведува Ахмети во своето писмо.

Дијалогот и компромисот се најдобрите патишта кон затворање на поглавјата на војни во регионот и отворање можности за соработка и евроатланска интеграција на целиот регион, и истото треба да се направи сега, порачува Ахмети, додавајќи дека авторитетот кои дипломатите го уживаат кај меѓународните институции би можеле да помогнат за да се оствари крајната цел на земјава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ.