Ахмадинеџад: предоцна е да се запре нуклеарната програма
5 јуни 2007Реклама
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека е „предоцна“ да се запре напредувањето на неговата земја во нуклеарната бранша и го предупреди Советот за безбедност на ОН да не им наметнува нови санкции на Иран. „Завршивме една етапа и не може да не повлечат назад“, рече Ахмадинеџад на прес конференција. Меѓународната агенција за атомска енергија во извештајот од мај годинава оцени дека Иран во последниве месеци го забрзал развојот на програмата за збогатување ураниум.