Ахмадинеџад положи заклетва
5 август 2009На демонстрации повикаа кандидатите на опозицијата Мир Хосеин Мусави и Махди Каруби, кои загубија од Махму Ахмадинеџад на спорните избори одржани на 12 јуни. И Мусави и Каруби велат дека именувањето на Ахмадинеџад за претседател е илегално. Претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози и британскиот премиер Гордон Браун најавија дека нема да упатат честитки до Ахмадинеџад, а тоа нема да го стори ниту германската канцеларка, Ангела Меркел. ЕУ на церемонијата на полагање заклетва го испрати шведскиот амбасадор во Иран и тоа предизвика лавина негодувања во Европа.
Ахмадинеџад во својот кус говор се осврна пред се‘ на економската политика, но ги нападна и западните земји: „Тие немаат почит кон правата на другите народи. Тие се гледаат себеси како урнек за демократија, но треба да знаат дека никој овде не чека на нивните честитки. На иранскиот народ не му се важни ниту нивните закани, ни нивните честитки и насмевки.“
Автор: Урлих Пик / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Александра Трајковска