1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад не сака играње

7 февруари 2010

Иако на почеток беа подгреани надежите дека е направен позитивен исчекор, на Минхенската конференција не е постигнат напредок околу главните спорни прашања. Згора на тоа, иранскиот претседател долеја масло на огнот.

https://p.dw.com/p/Lurl
Иранскиот претседател со нови закани кон меѓународната заедницаФотографија: AP

Пред само неколку дена, Махмуд Ахмадинеџад даде изјава со која влеа надеж дека сепак е можен некаков напредок во спорот на Техеран со Западот околу иранската атомска програма. Тој истакна дека неговата држава би можела да го прифати предлогот на меѓународната заедница и да испраќа слабо збогатен ураниум на дооблагородување во трети земји. Меѓутоа со денешната изјава тој повторно придонесува за дополнително заострување на спорот. Тој се закани дека Иран би можел наскоро да почне самиот да го облагородува ураниумот до 20 проценти, доколку меѓународната заедница продолжи да си игра со исламската држава.

„Ние се’ уште сме заинтересирани за соработка со Западот, но доколку тие сакаат да продолжат да си играат со иранскиот народ, тогаш ние би биле подготвени да облагородуваме ураниум до 20 проценти“ , изјави Ахмединеџад додавајќи дека Иранската Атомска Организација е подготвена да го започне облагородувањето во секое време.

Dossier Iran Atomprogramm Teil 2
Спорот околу иранската атомска програма преовладуваше во МинхенФотографија: AP

„Патотот за постигнување разбирање со светските сили е отворен, ние никогаш не сме го блокирале патот, но нема да трошиме време на нерелевантни дискусии и ќе започнеме самите да произведуваме високо облагороден ураниум“, порача Ахмединеџад, притоа мислејќи на забелешките на политичарите од Западот на Минхенската безбедносна конференција кои го критикуваа Иран дека нема конкретен план за испраќање на слабо збогатениот ураниум во трета земја и го обвинија Техеран дека се спроведува тајна програма за создавање атомска бомба.

Денеска германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг во Минхен апелираше дека меѓународната заедница мора јасно да му стави до знаење на Иран дека нејзиното трпение е при крај. Вчера германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го повикаа Иран да го докаже мирнодопскиот карактер на неговата атомска програма.

Или отстапки, или санкции

„Нашата рака останува испружена, но досега посега во празно. Ако навистина треба да дојде до обид за соработка, тогаш зборовите Иран треба да ги замени со конкретни дела“, истакна Вестервеле.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој престојува во посета на Италија, побара натамошно зголемување на притисокот врз Иран:

„Ако меѓународната заедница сака заеднички да изврши притисок врз иранскаата влада тогаш веруваме дека се` уште има време санкциите и притисокот да дејствуваат“, истакна Гејтс.

Автор: С.Н./Т.Т./дпа/дв

Редактор: Трајче Тосев