1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад не попушта во атомскиот спор

26 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BjnF

Иранскиот престедател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја нема да попушти во атомскиот спор. Во говорот пред генералното собрание на ОН тој нагласи дека воведените санкции од страна на советот за безбедност не се легитимни туку политички мотивирани. Иран е подготвен да соработува со меѓународните атомски власти во врска со нуклеарната програма и затоа смета дека спорот е завршен, изјави Ахмадинеџад кој повтори дека иранската нуклеарна програма е во мировни цели.