Ахмадинеџад во Багдад под американска заштита!
3 март 2008
Посетата на Ахмадинеџад на Ирак има пред се симболична сила, зашто е прва на еден ирански претседател на соседната земја. За Ирак пак, тоа беше првпат да го изведе целиот протокол со сите церемонии: од црвен килим, до националните химни и воена капела. Обете страни демонстративно искажаа оптимизам со меѓусебни пофалби.
По средбата со неговиот ирачки колега Талабани, Ахмадинеџад изјави дека во односите меѓу двете змеји се отвора ново поглавје: ќе бидат градени политички, економски и културни врски. Тој уште изјави дека Ирачаните минаа низ многу тешко време, но тој е сигурен дека соседот повторно ќе стане економски и политички моќен, што е во интерес на сите народи во регионот.
И претседателот Талабани изјави дека станува збор за многу добри билатерлани односи.
Политичките посматрачи во Багдада сметаат дека посетата на иранскиот претседател на Багдад имаше две цели: прво, да се поддржи владата во Ирак предводена од Шиитите од Иран, во кој мнозинското население исто така е шиитско. Второ, иранскиот претседател пред очите на американските трупи во Ирак демонстрираше јасност дека без Иран како регионална сила, нема мирно решение за Ирак. Средбата инаку, се одржа во зелената зона на Багдад, околу два километра од американската мабасада. Пикантно е тоа што овој безбедносен кварт пред се го надгледуваат американски војници.