Африканските земји бараат инвестиции од Г8
9 мај 2007Реклама
Западно африканските држави Нигер и Того побараа од индустриските нации, не само да ги бришат долговите на Африка туку и да се инвестира во континентото. Инвестициите отвараат работни места и им помагаат на земјите, самите да ги обработуваат суровините, порачаа премиерите на Нигер и Того при посетата на Берлин. Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја постави Африка како тежиште на самитот на Г8 во Хајлигендам во јуни.