Африканската унија против судот во Хаг?
27 мај 2013Африканската унија (АУ) има намера да побара од Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг да го предаде случајот на кенискиот претседател Ухуру Кенијата на правосудствто во Кенија. Висок претставник на АУ денеска (27.05) на самитот на унијата во Адис Абеба изјави дека ваквото барање на Кенија „сигурно“ ќе добие зелено светло од страна на АУ. Според барањето, процесот за злосторства против човештвото што во Ден Хаг се води против Кенијата, како и процесот против неговиот заменик Вилијам Руто, би требало едноставно да бидат запрени. Комесарот на АУ за мир и безбедност Рамтане Ламамра изјави дека за случајот би требало „да се грижи кениското правосудство“.
Кенијата и Руто се обвинети дека во текот на безредијата по претседателските избори во 2007 година учествувале во злосторства против човештвото. Во етнички мотивираните насилства загинаа повеќе од 1100 луѓе, а стотици илјади беа приморани на бегство.
Инаку, судскиот процес против Кенијата во Ден Хаг се‘ уште не започнат. Првиот термин е закажан за 9 јули. Во случајот на Руто терминот за старт е се‘ уште отворен. Двата процеса, според претпоставките, би траеле најмалку две години. Кенијата најави дека сака да учествува во судскиот процес.