Промена
13 декември 2011Мандатот на Луис Морено-Окампо завршува во јуни следната година, а Бенсуда во моментов е заменик главен обвинител на МКС.
Бенсуда кариерата ја почна во 1987 година како адвокат во Гамбија, по завршените студии по право во Нигерија, а во Малта магистрираше на поморско право.
Како Африканка, Бенсуда е особено поволна за функцијата, зашто најголемиот дел од случаите во моментов е против злосторници од Африка. За многумина Африканци е симптоматично што на обвинителната клупа во Хаг седат само луѓе од овој континент. Често се слушаат теории за „бела правда“ и „пресметка со Африканците“. Бенсуда ги отфрла ваквите обвинувања, истакнувајќи дека приоритет на Судот во Хаг е борбата против злосторствата, било каква боја да е кожата на извршителите.
Автор: ЖА/ЕМФ/дв/Лина Хофман
Редактор: А. Трајковска