Атентат и борби во Могадишу
24 август 2010Двајца исламски бунтовници денеска убија најмалку 30 лица во хотел во Сомалија. Меѓу жртвите се и шестмина сомалиски пратеници, како и четворица државни службеници. Нападот им се припишува на исламските фундаменталисти од терористичката групација Шебаб.
Хотелот се наоѓа во близина на претседателската палата во Могадишу и во него обично отседнуваат државните функционери и парламентарци. Напаѓачите биле маскирани во полициски униформи и најпрвин ги убиле стражарите на хотелот, по што влегле во него и отвориле оган врз присутните, и на крајот се самоубиле.
Во главниот град на Сомалија веќе втор ден по ред се водат улични борби, во кои претходно загинаа најмалку четириесет лица. Исламистичките бунтовници имено водат офанзива против мировните трупи на Африканската унија, стационирани во државата. Експертите нагласуваат дека ова е уште доказ дека сомалиската влада, поддржана од западните сили и Африканската унија, контролира само мал дел од држава.
Автор: ТТ/ АТ/ афп/ дв
Редактор: Александра Трајковска