1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Астрономски трошоци за санирање на хаварисаната Фукушимa

СН/ЖА/афп/ртр/бета24 јули 2013

Јапонските власти предупредија од енормен раст на трошоците за работите на санација на атомската централа Фукушима во која се случи хаварија предизвикана од катастрофалниот земјотрес и цунамито во 2011 година.

https://p.dw.com/p/19Det
Фотографија: AFP/Getty Images

Чистењето на областите околу нуклеарната централа Фукушима оштетени од земјотресот и цунамито во 2001 година 1, би можеле да чинат 5.800 милијарди јени (44 милијарди евра) - пет пати повеќе отколку што се проценуваше претходно.
Јапонскиот Институт за наука и технологија спроведе студија која би требало да го олесни спроведувањето на планот за деконтаминација на шумите и земјоделските области околу Фукушима.
Податоците за тоа колку ќе чини деконтаминацијата која би требало да овозможи враќање на населението во таа област 230 километри североисточно од Токио, се објавени во време кога стигнуваат вести за истекувања од оштетениот реактор.
Компанијата ТЕПКО, која управува со објектите, соопшти во понеделникот дека контаминирана вода истекла во Тихиот Oкеан недалеку од централата.

ТЕПКО денес соопшти дека над реакторот број 3 во Фукушима повторно има пареа, трет пат во последнава недела.
Управата на објектите соопшти денеска дека и нивото на радијација е непроменето.
Три реактори во атомската централа Фукушима, која се наоѓа кај местото Окума, се оштетени во разорниот земјотрес и цунамито кои го погодија тој дел на Јапонија во март 2011 година. Хаваријата предизвика зрачење кое и понатаму ја контаминира водата, воздухот и земјата во околината на објектите.