1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АСЕМ самит – Хамбург

29 мај 2007
https://p.dw.com/p/Antx

Министрите за надворешни работи на ЕУ и на 16 азиски земји денеска во Хамбург ги продолжуваат разговорите на тема заштита на климата. Уште вчера јасно дојдоа до израз разликите околу намалувањето на штетните издувни гасови. Големи земји со индустрија во силен подем како Кина и Индија посочија оти главната одговорност за загадувањето на атомосферата и последователните промени на климата во светот лежи врз плеќите на развиените држави. Домаќинот на средбата, германскиот министер за надворепшни работи Франк Валтер Штајнмајер изрази надеж дека на претстојната Конференција на ОН за климата, што во декември ќе се одржи на Бали, сепак ќе се најде компромис за продолжување на договорот за климата од Кјото, чија важност истекува во 2012.