1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж наскоро во Шведска?

А.Трајковска /дпа/афп22 септември 2012

Владата на Еквадор бара можности за решение на дипломатскиот спор со Велика Британија за основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

https://p.dw.com/p/16ClH
Фотографија: REUTERS

Во спорот околу судбината на основачот на Викиликс Џулијан Асанж на повидок е можно компромисно решение. Министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патино објави дека на 27. септември, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ќе разговара за случајот со неговиот британски колега Вилијам Хејг. Неговиот предлог е: Асанж, кој со недели се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон под заштита на неговата земја да биде пренесен во амбасадата на Еквадор во Шведска, но и натаму би останал под дипломатска заштита. Според предлогот на Патино, Асанж би можел да отпатува во Стокхолм под заштита на Еквадор и таму да биде испрашан за наводните сексуални деликти.

Шведските правосудни органи го бараат 41-годишниот Асанж со налог за апсење поради сомневање за сторени сексуални деликти. Џулијан Асанж од 19. јуни е во амбасадата на Еквадор во Лондон, а азил доби на 24. август. Велика Британија меѓутоа одбива да му одобри слободно спроведување, за да ја напушти земјата во правец кон Латинска Америка.

Асанж стравува дека ќе им биде испорачан на САД, бидејќи Викиликс на интернет објави десетици илјади тајни американски депеши. Таму на Асанж му се заканува евентуална тужба поради шпионажа и издавање на тајна.