1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад сака да се кандидира повторно

ЕМФ/дв22 октомври 2013

Сирискиот претседател Башар ал-Асад има намера повторно да се кандидира за претседател на изборите што во Сирија треба да се одржат наредната година. Ваквата намера наиде на критика од американскиот министер Џон Кери.

https://p.dw.com/p/1A3vd
Фотографија: imago/UPI Photo

Башар ал-Асад не гледа пречка за да се кандидира за претседател на претстојните избори. Тој во интервју за либанската телевизија Ал Мајадин, освен тоа, ја стави под знак прашалник за во ноември планираната мировна конференција за Сирија. Според него, предусловите за одржување на конференцијата сѐ уште не се исполнети. Сѐ уште нема определено датум за конференцијата, а освен тоа треба да се постави и прашањето - кои сили е учествуваат на конференцијата и какви се нивните однoси со сирискиот народ, рече Асад.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери на ваквите изјави на сирискиот претседател, чие семејство владее со Сирија во последните 40 години, реагираше со оценка дека намерата на Асад да се кандидира на наредните избори само ќе продолжи уште повеќе граѓанската војна во таа земја. Сѐ додека е Асад на власт, нема да има крај на вооружениот конфликт, рече Кери.