1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад сака да војува, а не да преговара

ЖА/дв/дпа/ртре5 август 2013

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е непопустлив: „Кризата може да се реши само на бојно поле“, изјави тој во телевизиско обраќање. Тоа е практично најава за продолжување на насилствата. Само вчера се убиени 30 лица.

https://p.dw.com/p/19JkS
Фотографија: REUTERS/SANA

Редицата воени успеси го осоколија сирискиот претседател да покаже поголема одлучност од било кога претходно со сила да стави крај на отпорот во неговата земја.  Башар ал Асад синоќа изјави дека опозициската Сириска национална коалиција пропаднала и оти не може да има улога во решавањето на конфликтот.

„Опозицијата не е надежна, таа не успеа ни во однос на народот ни во однос на моралот и не може да има улога во решавање на конфликтот. Кризата во Срија може да се надмине само ако биде победен тероризмот. Кризата може да биде надмината само на бојното поле“, изјави Асад.

Тој посочи дека конфликтот не може да биде решен со политички средства се‘ додека бунтовниците продолжуваат да војуваат против владините сили.

Вчера во Сирија најмалку 30 лица биле жртви на насилството, како што соопштува Сириската опсерваторија за човекови права. Според податоците на ОН, во борбите меѓу сириската војска и бунтовниците досега загинале над 100 илјади луѓе. Речиси два милиона Сиријци се во бегство во странство. Досега се безуспешни обидите сирскиот конфликт да се реши преку посредување. Паралелно со воените успеси на теренот во јули од една страна, режимот на Асад е соочен со драстично срозувањена стопанството. Откако сириската валута забележа пад на вредноста од две третини во однос на доларот, претседателот вчера забрани секкави трансакции во странската валута.