1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад закажа избори во мај

13 март 2012

Сирискиот претседател Башар ал Асад закажа парламентарни избори во мај.Хјуман Рајтс Воч ја обвини денеска Сирија дека нејзината армија поставува нагазни мини по граничната линија на земјата.

https://p.dw.com/p/14K0P
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сирискиот претседател Башар ал Асад, против кого пред една година започна народен бунт, закажа на 7 мај парламентарни избори.

Одлуката е донесена согласно новиот устав на земјата.

Уставот, кој овозможува политички плурализам, беше одобрен на референдум во февруари. Оние, кои се приклучија кон востанието против Асад, тврдат дека новиот Устав е незаконски и бараат претседателот да се повлече од власт. Во земјата насилствата продолжуваат со несмалено темпо, а денеска во заседа биле убиени 22 владини војници.

Хјуман Рајтс Воч: Сириската армија поставува мини долж границата

Хјуман Рајтс Воч ја обвини денеска Сирија дека нејзината армија поставува нагазни мини по граничната линија на земјата кон Турција, на север и Либан на запад.

Оваа меѓународна организација за заштита на човековите права побара од властите во Дамаск да престанат со поставувањето на мините. Во соопштението се вели дека нагазните мини не значат ништо од воен аспект и не носат предност за армиските сили, освен што се голема закана за цивилите кои минуваат преку границата, како и дека таа закана ќе остане со години по ред.

Syrien Türkei Grenze
Мини на сириско-турската границаФотографија: DW/N. Carney

Организацијата Хјуман Рајтс Воч откри дека сознанијата за тоа ги има добиено од пребегнатите сириски војници, кои сега се на страната на бунтовничките сили. Еден од нив ја известил организацијата дека тој и една негова група досега имаат извадено околу 300 нагазни мини по граничната линија кон Турција.

Обвинувањето на ХРВ до Сирија доаѓа во време на мисијата на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската Лига, Кофи Анан. Поранешниот генерален секретар на ОН, Анан денеска е во Турција на разговори со лидерите на сириската опозиција. Тој очекува сириската влада, во текот на денешниот ден да одговори за неговите предлози околу престанокот на воените судири во Сирија.

ХРВ тврди дека 230 илјади Сиријци ја напуштиле земјата во минатата година, бегајќи пред насилствата. Во судирите на бунтовниците со сириската армија и безбедносните сили на земјата загинаа осум илјади луѓе.

Автор: ЖА/БГ/миа/дпа

Редактор: Борис Георгиевски