1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад во контра-офанзива за Алепо

Александар Методијев/афп/дпа/миа/кна28 јули 2012

Сириската армија започна контра-офанзива против бунтовниците за враќање на контролата врз квартовите во Алепо, кој е втор град по големина во земјата, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

https://p.dw.com/p/15fpW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Засилувањата, кои веќе два дена се распоредуваат во околината на градот, започнале да навлегуваат кон квартот Салахедин, каде се наоѓаат најголем број бунтовници.

Syrien Aleppo Rebellen
Бунтовниците пријавија жртви во своите редовиФотографија: picture-alliance/dpa

„Во неколку делови од градот се водат најжестоките борби од почетокот на бунтот“, изјави шефот на невладината организација Рамни Абдел Рахман, кој информираше и дека нападите се случуваат во неколку предградија на Алепо.

Војниците, приврзаници на претседателот Башар ал-Асад, на терен се потпомогнати од воздух со борбени авиони и хеликоптери. Опозиционерите рано утрово информираа дека во нападите загинале тројца нивни бунтовници.

Западните сили изразија загриженост за масакрот во Алепо, градот со повеќе од 2 милиони жители, кој се наоѓа во близина на границата со Турција. Само во текот на вчерашниот ден повеќе од 160 лица беа убиени низ Сирија, вклучувајќи и 17 во Алепо.

Исходот од контраофанзивата на Алепо може да го предели курсот на 17-месечниот револт против режимот на ал-Асад. Црвениот крст веќе започна со повлекување на својот персонал од Сирија. Хуманитарните тимови ќе бидат префрлени во Бејрут во Либија. Црвената полу-месечина за сега останува во Алепо.

Syrien Aleppo Rebellen
Исходот од контра-офанзивата може да го определи правецот на 17-месечниот конфликтФотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме, сириските Курди сакаат да го искористат конфликтот во Сирија за да создадат независна земја на северот од земјата. Германскиот неделник „Фокус“ денеска објави дека различни курдски организации, меѓу кои и Курдската работничка партија, добиле согласност од владата на претседателот Башар ал-Асад за создавање на сопствена држава во северниот дел од Сирија.