1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Арго“ е филм на годината

ЕМФ/ард/дв25 февруари 2013

Филмот е на и со Бен Афлек. Тој се темели на вистински настан, односно зборува за акцијата на ослободување американски дипломати во времето на соборувањето на шахот во Иран, во 1979 година.

https://p.dw.com/p/17l56
Фотографија: Reuters

Филмот „Арго“ успеа да ги остави зад себе историската драма „Линколн“ на Стивен Спилберг и германската копродукција „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке. Режисерот Бен Афлек (фото горе), кој исто така и глуми во трилерот „Арго“, во 1998 година заедно со Мет Дејмон доби Оскар за најдобро сценарио за филмот „Good Will Hunting“. Тој вчера рече: „Овде стоев пред неколку години и немав поим што правам. Бев дете. Никогаш не мислев дека ќе се вратам овде.“ „Арго“ освои трофеи и во категориите адаптирано сценарио и монтажа.

По најавата на холивудската ѕвезда Џек Николсон и на големо изненадување на публиката, во Долби театарот се појави првата дама на Америка. Мишел Обама беше вклучена во церемонијата преку видео врска од Белата куќа и го прогласи „Арго“ за победник. Обама рече дека е почестена што може да ги презентира годинашните номинации за најдобар филм и додаде: „Филмовите ни‘ го креваат расположението, ја прошируваат нашата свест и не‘ носат на места кои не сме можеле ни да си ги претставиме.“

Oscars 2013 Oscarverleihung Jack Nicholson und Michelle Obama
Мишел Обама се вклучи од ВашингтонФотографија: Getty Images

Најуспешна продукција, со дури четири Оскари годинава беше филмот „Животот на Пи“. Авантуристичката драма на режисерот Анг Ли му го донесе Оскарот за најдобра режија, што инаку е негов втор Оскар во кариерата. Приказната за необичната бродска катастрофа освои и Оскари за филмска музика, камера и специјални ефекти.

Оскари за главни улоги во машка и женска конкуренција годинава добија Даниел Деј Луис за неговата ролја во „Линколн“ и Џенифер Лоренс за улогата во филмот „Silver Linings Playbooks“. Во категоријата најдобра споредна улога Оскарот во женска конкуренција отиде во рацете на Ен Хетевеј, додека во машка конкуренција трофејот го доби Австриецот Кристоф Валц за неговата улога во неовестернот „Џанго“ на Квентин Тарантино.

Oscars 2013 Oscarverleihung Beste Schauspielerin Jennifer Lawrence
Џенифер Лоренс доби Оскар за главна улогаФотографија: Getty Images

Уште еден Австриец триумфираше на доделувањето на годинешните Оскари - Михаел Ханеке. Неговиот филм „Љубов“ беше прогласен за најдобар во конкуренцијата филмови од неанглиско говорно подрачје.