Апсење во Келн поради можни отровни супстанции
13 јуни 2018Германската полиција го претресе станот на еден 29-годишен Тунижанец осомничен дека држи токсични супстанции во неговиот дом во една 15-катница во Келн, пренесоа германските медиуми.
Специјални единици на полицијата во заштитни маски и опрема влегоа синоќа во станот и ги приведоа осомничениот и неговата сопруга. Нивните деца се предадени на чување на градската социјална служба.
Идентитетот на осомничениот не е наведен поради зачувување на приватноста.
Германската новинска агенција ДПА денеска извести оти полицијата и натаму го пребарува станот во населбата Корјвајлер. Сојузното јавно обвинителство ја презеде истрагата за случајот, но сѐ уште нема официјално соопштение за текот на постапката. ДПА пак јави дека постојат сомневања дека уапсениот имал терористички мотив.