Апел на мајките на киднапираните Германци
3 февруари 2006Во заложничката драма, првпат се огласија мајките на грабнатите инженери. Тие во видео порака до киднаперите порачаа:
“Ние двете сме овде за да зборуваме со оние кои ги киднапираа нашите синови. Нашите семејства, особено нивните сопруги, се многу загрижени. Се плашиме за нивниот живот. Ги видовме нашите синови на телевизија. Томас и Рене заминаа во Ирак без политичка заднина. Тие никогаш немаа намера да и наштетат на вашата земја. Апелираме да имате милост и да ги поштедите нашите невини синови. Ве молиме ослободете ги Рене и Томас .“
Во Лајпциг, родниот град на заложниците, сочувството е големо. Пред црквата на Свети Никола се положени многу цвеќиња, а луѓето со молитви ја изразуваат својата солидарност со киднапираните. Грабнувањето го осудија и муслиманите во Лајпциг. Хасан Дабаг, имам во џамијата Ал Раман, до киднаперите апелираше да ги ослбоодат двајцата инженери. Вакви работи во нашата религија се забранети, изјави имамот.