1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АПЕК- многу скоромен резултат

Бернд Муш Боровска20 ноември 2006

Во Ханој вчера заврши самитот на земјите членки на Апек. Шефовите на државите и влади од 21 земја, членки на оваа азиско-пацифичка економска кооперација во таа прилика ја нагласија својата одлучност повторно да отпочнат преговори во рамки на Светската трговска организација за либерализација на светскиот пазар.

https://p.dw.com/p/Advi
Фотографија: AP

Резултатите од овој самит се скромни но може да се каже дека на него имаше подеднакво и победници и губитници.

Мегу губитниците секако се вбројува и американскиот претседател Џорџ Буш , пишува во својот коментар Бернд Муш Боровска:

Американскиот претседател Џорџ Буш во Ханој дојде со празни раце и така и си замина. Претходно, во американскиот Конгрес пропадна обидот на усвојување на законот со кој би се овозможило потпишување на договор и со тоа нормализирање на американско –виетнамските односи , така што Буш на домакините на самитот не можеше да им врачи подарок. Договорот навистина би требало да биде ратификуван уште до крајот на годината, но имиџот на Буш е сепак нарушен.Тоа во Азија има поголемо значење отколку што еден западен политичар може да го замисли.

За Буш беше срамен и резултатот од самитот на заемјите членки на АПЕК. Заедничкото соопштение на шефовите на држави и влади за севернокорејската атомска програма беше многу скромно. Наместо остри осуди за Северна Кореја и заеднички мерки за да може раководството во Пјонг Јанг да се наведе да се врати на преговарчка маса , потпишано е само скромно соопштение во кое членките на Апек сметаат дека е неопходно да се преземат одговарачки мерки против ширењето на оружјето за масовно уништување .Зад затворени врати наводно е формулирана поостра осуда за севернокорејските атомски тестови, но какво значење има едно соопштение кое не се изнесува во јавност.

На америкаснкиот претседател наспроти интензивните напори во билатерланите разговори не му појде од рака да ги наговори земјите членки на Апек да заземат поостра позиција за да се зголеми притисокот кон Севрна Кореа. После поразот на изборите за американскиот конгрес и неуспехот во Ирак , кој неретко се споредува со Виетнам , Буш од Ханој отпатува без конкретен резултат.

И по прашањето на мегусебните економски односи изјавите за намери на членките на Апек се необврзувачки.Се посакува поинтензивно тргување и натаму се работи на остварување на целта за азиско-пацифичка зона на слободна трговија но како тоа треба да се постигне останува отворено прашање . Притоа ионака она што заеднички беше договорено и ставено во завршната декларација за членките на сојузот не е обврзувачки.

За рускиот претседател патувањето во Ханој беше успешно. Русија и Америка потпишаа договори кои ке и го олсенат патот на Русија да пристапи кон Светската трговска организација.Задоволен може да биде и домакинот на самитот Виетнам кој стана 150 членка на Светската трговска организација . Оваа земја со успешната организација на самитот покажа дека е во состојба да ја надвладее разликата мегу комунистичкиот систем и се поголемиот капиталистички производствен развој.