1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АПЕК државите договорија потесна соработка

АТ/ дапд/ ртр9 септември 2012

Државите на АПЕК се „вооружуваат“ против влијанијата од евро-кризата и можниот недостиг на прехранбени производи. Ова беше одлучено на самитот во Владивосток.

https://p.dw.com/p/165js
Фотографија: dapd

Слободна трговија, реформи и засилување на јавните финансии - за овие принципи постигнаа согласност земјите членки на Азиско-пацифичката економска заедница (АПЕК) на самитот во рускиот град Владивосток, за да ги заштитат своите стопанства од влијанијата од кризата во Европа. За таа цел 21 држави членки на АПЕК мораат уште потесно да соработуваат, се вели во завршната декларација.

АПЕК истовремено предупреди од можните проблеми со прехранбени производи. Еден од најакутните проблеми на нашето време е сигурноста во снабдувањето изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Без сигурност во снабдувањето со прехранбени производи неможеме да ја постигнеме нашата цел - да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани“. Меѓу земјите членки на АПЕК очигледно владее и загриженост, дека растечките цени на прехранбените производи можат да доведат до политички немири.

Рускиот претседател Путин изјави и дека средбата била „конструктивна“. На маргините на конференцијата беа остварени и голем број билатерални средби.

Русија сака да продава повеќе гас во Азија

Русија и Јапонија иницираа заеднички проект. Путин и јапонскиот премиер Јошико Нода присуствувале на потпишувувањето на еден меморандум за испорака на течен гас, соопшти рускиот концерн „Газпром“.

APEC 2012 Russland Putin Hu Jintao
Владимир Путин и Ху ЏинтаоФотографија: Reuters

По исклучувањето на повеќето атомски централи во Јапонија се зголеми побарувачката за течен гас. Проектот, кој тежи околу 10 милијарди евра, има големо значење за приклучување кон азиско-пацифичките пазари, изјави шефот на „Газпром“ Алексај Милер. Русија имено покрај традиционалниот пазар за испорака на гас во Европа во иднина сака да биде присутна и на азискиот пазар. Јапонија притоа има највисок приоритет, подвлече Милер.

Путин ја критикува ЕУ

Рускиот претседател меѓу другото ја критикуваше постапката за конкурентност на ЕУ против рускиоткиот „Газпром“ како европски маневар за одвлекување на вниманието. Некои во Европската комисјата сакале да го свртат вниманиетo кон Русија и на земјата да и’ натоварат еден дел од должничката криза, изјави рускиот претседател на самитот на АПЕК.

Тој критикуваше дека постапката на бриселските чувари на конкурентноста не била од помош. Путин нагласи дека нема никаков трговски спор: „Ние оддржуваме блиски и конструктивни врски“, подвлече рускиот претседател.

Европските чувари на конкурентноста поради постоење сомневање испитуваат дали „Газпром“ ја злоупотребува својата доминантност на пазарите во Источна и Средна Европа. Концернот ирази подговтеност за дијалог, но како државен концерн смета дека е под посебна заштита.