Антијапонски протести во Кина
15 септември 2012Демонстрантите кои носеа антијапонски пароли вчера (14.09) имаа намера да упаднат во амбасадата. Тие протестираа против, според нивно уверување, неоправданото јапонско окупирање на архипелаг во Источнокинеското море. Безбедносните сили, опремени со штитови и електични палки, имаа мака да го задржат редот и да ги потиснат демонстрантите.
Во Шангај полицијата ги блокираше улиците кои водат кон јапонскиот конзулат. Стотици полицајци сепак пропуштија помали групи демонстранти. Според јапонските медиуми, имало протести во неколку други кинески градови, како Сучу, Шангаи и Нанкинг, кои сепак поминале мирно. Поради растечките тензии јапонскиот министер за надворешни работи ја прекина посетата на Австралија и се врати во Токио.
Спорот околу островската група, која во Јапонија се нарекува Сенкаку, а во Кина - Диаоху, тлее веќе долго време. Ситуацијата ескалираше откако јапонската влада и покрај предупредувањата од кинеското раководство ги откупи островите од приватните сопственици и со тоа ги подржави. Кина вчера испрати шест патролни чамци кон архипелагот, за да го истакне претендирањето на сопственост. Јапонската влада гестот го оцени за „беспримерен инцидент“. Островската група која се наоѓа во зона богата со риби, има стратешко значење, а се претпоставува дека има и богати ресурси на нафта и гас.