Антимафијашки операции во Рим и во Калабрија
26 јули 2013Италијанската полиција утрината презеде две големи операции против мафијата во Рим и во Калабрија.
Портпаролот на полицијата истакна дека во операцијата во Рим учествуваат околу 500 полицајци, хеликоптер, полициски кучиња и патроли на морската полиција.
„Римската операција е насочена против лицата кои учествувале во 'нелегални активности' во главниот град и во предградието на Рим Остиа“, изјави за агенцијата АФП портпаролот на полицијата, Марио Виола.
„Цел на втората, посебна операција беа припадниците на мафијата Н'дрангета во Катанзар, во регионот Калабрија“ , рече Виола, додавајќи дека се издадени 50 налози за апсење за секоја операција. Портпаролот уште наведе дека во Калабрија се издадени налози за апсење на меѓу 50 и 70 лица, меѓу кои има бизнисмени, политичари и адвокати.
Во Италија постои можност за издавање налози за апсење и на луѓе кои се веќе приведени поради други кривични дела.
Полицијата утрината не можеше да каже колку лица се приведени.
Италијанската новинска агенција АНСА пренесува дека во операцијата во Рим во која учествувале околу 500 полицајци е „најголема операција“ која полицијата некогаш ја превземала во областа на главниот град и околината.