Антиамерикански протести во Ирак
9 април 2007Реклама
Илјадници Ирачани се собраа на протести на четиригодишнината од вмарширањето на американските трупи во нивната земја.Демонстрациите ги иницираше радикалниот шиитски водач Моктада ел Садр,кој ги обвини Американците дека се одговорни за растечкото насилство во Ирак. Во градот Наџаф демонстрантите извикувале антиамерикански пароли и газеле американски и израелски знамиња.И властите во Багдад се подготвуваат за протестни собири.Од страв од напади воведена е 24 часовна забрана за движење автомобили,која важи до утрово.Во вчерашните напади во Ирак беа убиени повеќе од 20 луѓе.