1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аниматорите ги полнат касите

Дан Хиршфелд / Жана Ацеска19 октомври 2012

„Ајс Ејџ“, „Барајќи го Немо“, „Малата поларна мечка“ - ова се наслови на анимираните филмови, кои во кината привлекуваат милиони луѓе. Најголем дел доаѓаат од САД и Азија, а германските продукции од тој вид се ретки.

https://p.dw.com/p/16CGu
Фотографија: picture alliance / dpa

Неандерталски фигури се ѕвезди во еден германски анимиран филм. Направени се од пластелин. Рацете на режисерка Сандра Шисл им вдахнуваат живот.

Таа со својот асистент го фотографира секое движење во одделни снимки. Следени во низа, го даваат готовиот филм. Потребна е енормно голема работа за постигнување течни движења и природни ликови.

„Во овој случај денеска успеавме да снимиме само две до три секунди. Во една секунда има 25 одделни фотографии. А секој пат аниматорот мора да оди и да ја придвижи малку фигурата, па да ја фотографира. Во рекламен спот се разбира тоа сето мора да биде со високо ниво и да изгледа многу чисто и уредено. Соодветно на тоа, целата работа трае долго“, вели Сандра Шисл, режисерка и раководителка на продукциската фирма „Трик 17“.

Сеедно дали се работи за рекламен спот од 30 секунди или едноиполчасовен анимиран филм како „Ајс Ејџ“ - аниматорите ја цртаат и дискутираат секоја сцена долго пред вистинската продукција.

Ausstellung Pixar - 25 Years of Animation Bundeskunsthalle Bonn
Филмовите како „Барајќи го Немо“ привлекуваат милиони луѓе во кинатаФотографија: Disney/Pixar

Анимираните филмови во светски рамки носат стотици милиони евра во кино благајните. Но, пазарот го диктираат големите американски студија, како Дизни.

Германските продуценти имаат само маргинално учество. Тоа е така, велат и двете шефици на хамбуршката фирма за продукција „Трик 17“.

„Еден филм чини милиони. Ако се гледа само во Германија, тогаш нема да има доволно публика во кината за воопшто да може да се исплати и да се финансира неговото производство. Германците затоа не се осмелуваат да се впуштат во сегментот на „Фемили Ентертејнмент“, вели Марион Хајсен, продуцентка и раководителка на фирмата „Трик 17“.

Со Фемили ентертеинмент, односно анимирани фигури за музички видеа или сопствено развиени ликови за големите анимирани филмови, хамбуршкиот тим веќе освоил меѓународни награди, на пример, во Јапонија.

Но, германските продуценти не можат да ја издржат тамошната конкуренција на цени, вели Марион Хајсен.

„Се работи се разбира за платите и трошоците. Производството на филм е многу поевтино во Азија. Веќе сме чуле за споредбата, дека тие можат да произведат една серија за една третина од нашата цена“, додава таа.

Наместо на дампинг цени, хамбуршката фирма се потпира на свое оригинално производство. Спотот со неандерталците е готов по речиси шест недели работа. А следниот проект веќе чека на ред. Тоа е анимирано музичко видео за периодот околу Божик.