1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан: Дамаск прв да го прекине огнот

ЕМФ/СН/ртр/миа/афп30 март 2012

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан го повика режимот на Башар ал-Асад прв да го положи оружјето.

https://p.dw.com/p/14VHy
Кофи АнанФотографија: Reuters

Претседалот Асад мора да ги запре борбите. Крајниот рок е сега ,изјави портпаролот на Анан, Ахмад Фавзи во Женева.

Заменик на Анан истовремено ќе бара од противниците на режимот да запрат со борби. Анан со тоа ја замоли посилната страна да направи гест на добра волја. Со тоа специјалниот пратеник реагира на писмото на Асад до Арапската лига во кое тој објаснува дека ќе го спроведе мировниот план на Анан само тогаш кога востаниците ќе се разоружаат.

Планот на Анан предвидува и лесно вооружените востаници да престанат со огнот. Но Слободната Сириска Армија досега не изјавила дали ги прифаќа предлозите на Анан а политичките опозициски групи досега јасно не го поздравиле неговиот повик за дијалог со Асад.

Вооружената сириска опозиција синоќа објави формирање на командна структура, чија цел е да ги обедини распрснатите низ земјата бунтовнички групи кои се под команда на офицери што дезертирале од сириската армија и се засолниле во соседна Турција. Во секој од петте главни реони за дејствување на вооружените сириски бунтовнички групи - Хом, Хама, Идлиб, Деир аз Зур и Дамаск, се назначени пет полковници, кои дезертирале од единиците на режимот. Создавањето командна структура се оценува како чекор кон обединувањето на самостојно дејствувачките вооружени бунтовнички групи во различните реони на земјата.