Америка ѕемне
5 јануари 2014По снежната бура на североистокот на САД, сега доаѓа арктички студ. Метеоролозите за денеска (05.01.) попладне по локално време во регионот од Монтана до Мичиген предвидуваат температури од минус 23 до минус 29 степени. Во текот на ноќта термотерите може да покажат дури и минус 34 степени. Поради ветрот, температурата ќе се чувствува како минус 45 до минус 50 степени, велат метеоролозите. Тоа значи дека на незаштитена кожа за само пет минути може да настанат смрзнатини, предупредуваат експертите.
Властите на сојузните држави погодени од студот ги повикаа граѓаните да останат дома и да се снабдат со резерви на храна. Во Њујорк и Њу Џерси дури е прогласена и вонредна состојба.
Во метрополите, поради големиот студ и мраз, сообраќајот е во хаос. Илајдници луѓе и натаму се заглавени на аеродромите поради откажани летови. Гoлемата зима предизвика и стотици сообраќајни незгоди на замрзнатите коловози, во кои животите ги загубија голем број луѓе. Ветрот во Њујорк го носи снегот дури и во подземната железница, па поради тоа сега и под земја има чекалници со снег.