1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците се борат на се повеќе фронтови во Ирак

7 април 2004

Три месеца спроти планираното предавање на власта од окупационите сили врз Ирачаните, земјата тоне во се поголем воен хаос

https://p.dw.com/p/AcOE
Шиитска милиција во Куфа
Шиитска милиција во КуфаФотографија: AP

Покрај поранешните напади врз американските војници во сунитскиот триаголник, американските сили и нивните сојузници сега се вовлечени во борби на втор фронт, имено, шиитските милиции верни на религиозниот вода Моктада ел Садр. Запрашан како американската армија има намера да се бори сега на најмалку два фронта во земјата, портпаролот Марк Кимит во Бгадад изјави: “Постои само еден фронт и тоа е Ирак“. Тој најави дека американските единици ќе ја уништат армијата на Ел Садр.

“Ние ќе напаѓаме за да ја уништиме Мехди Армијата. Тие офанзивни операции ќе бидат решителни, прецизни и моќни и ќе постигнат успех.“ - најави портпаролот на американските сили во Ирак, Марк Кимит.

Тој исто така побара од религоозниот лидер Моктада ел Садр да се предаде, бидејќи против него постои налог за аспење под обвинение дека вмешан во убиство на друг духовен лидер.

“Ако господинот Садр сака да го наламли степенот на насилство и да ги смири работите, тогаш може да го стори тоа така што ќе се предаде во локалната полициска станица и ќе се соочи со лицето на правдата“ - порача портпаролот Кимит.

Моктада ел Садр од своја страна меѓутоа порача дека шиитските востаници ќе ја продолжат борбата против окупаторите се додека тие не ја напушттат земјата. Востанието на неговите милиции се протега од градот Басра на југот од Ирак, што е под контрола на британските сили, преку централниот сектор што го контролираат шпанскиот и италијанскиот контингент, па се до главниот град Багдад.

Борбите во меѓувреме стануваат се понепреегледни и се шират во повеќе насоки. Шиитски милиционер ја презедоа контролата врз неколку места на југот од Ирак. Милицијата на Садр во градовите Кут и Куфа запоседнаа владини установи и патролираат низ улоците. ВО Фалуџа, еден од најсилните центри на отпорот против американската окупација, маринците повторно навлегоа во центарот, а тешки експлозии и оган се слушаат од северот на овој град. Таму маринците вчера беа вовлечени во улочни борби, во кои беа вклучени и борбани авиони од типот АЦ 130, специјално наменет за стрелање врз цели на земјата. Вчера вечер од бомби фрлени врз четири куќи во Фалуза животот го загубија 26 цивили, пред се жени и деца. А во градот Рамади повеќе десетици вооружени Ирачани ги нападнаа американските маринци во близината на палатата на гувернерот и при тоа убија 12 војници.

Со оглед на засилените борби, американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд не исклучува упатување воено засилување во Ирак. По консултациите со претседателот Џорџ Буш и советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс, Рамсфелд нагласи дека одлуката е сега во рацете на локалните команданти. Според портпаорлот на Белата куќа, Скот Меклилан, ескалацијата се должи на терористи и следбеници на Садам Хусеин, кои сакаат да го униптат процесот на демократизација. Американската влада сепак ќе се придржува до најавениот термин за предавање на власта до 1. Јули.

Критика на однесувањето на американските војници во најновие акции во Ирак во меѓувреме дојде од уште еден духовен лидер на шиитското мнозинско население. Ајатолахот Мохамед Таки ел Мудариси, кој ја води Организацијата на исламската акција, денеска во Кербела оцени дека станува збор за “грозни и одвратни чинови што се надвор од законските рамки“. По апсењето на Шеихот Мустафа ел Јакуби, кого Американците го прикажаа на една снимка во затворско одело и со лисици на рацете, по насилното затворање на весникот на движењето на Ел Садр и истрелите врз демонстрантите, сегашните екстремни реакции на ирачкото население се сосема разбирливи, оцени ајатолахот Ел Мудариси. А портпаролот на еден од највлијателните духовни лидери на шиитите, Големиот ахјатолах Али ел Систани, порача дека "нападите врз Ирачаните ќе ги одведат американските сили во такво мочуриште, од кое можат да излезат смо со голема мака.“