1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците го презедоа водството во Ванкувер

18 февруари 2010

На американските олимпијци им беа доволни 24 часа за да го преземат првото место на табелата според освоените медали на Олимпијадата во Ванкувер, откако вчера освоија 6. Германија вчера стигна до само еден бронзен медал.

https://p.dw.com/p/M4XR
Линдзи Вон уште еднаш покажа дека е неприкосновена во светското скијањеФотографија: picture-alliance/ dpa

Најголемата фаворитка, Американката Линдзи Вон не дозволи изненадување и триумфираше на спуст патеката на Олимпијадата во Ванкувер. Тоа е и прв златен медал за САД во спуст за жени во историјата на Олимписките игри. За убедлив триумф на Американките се погрижи Џулија Манкузо со освојувањето на среброто, додека Елизабет Гергл од Австрија заврши како трета.

На крос кантри патеката на шестиот ден од Игрите беа спринтерските трки. Кај мажите во фото-финишот во еден-два победата за Русија, златото отиде кај Никита Кричков, а среброто кај Александар Паншински. Бронзениот медал му припадна на Петер Нортуг од Норвешка. Кај жените, златото на кусата крос-кантри патека го освои Марит Бјерген, среброто и припадна на Јустина Ковалчук од Полска, а бронзата и прв медал за Словенија донесе Петра Мајдич.

Bronze für Rodler Resch / Leitner
Патрик Лајтнер и Александар РишФотографија: AP

Браќата Андреас и Волфганг Лингер од Австрија постигнаа најдобар резултат на патеката за санкање и го одбранија златото од Торино. Првиот медал на Игрите во Ванкувер го освои и Летонија – сребрени во санкање станаа браќата Јурис и Андрис Сич, додека олимписките шампиони од Солт Лејк Сити 2002, Германците Патрик Лајтнер и Александар Риш ја освоија бронзата.

Американците водат со 14 медали, а Германија е втора со 10.

Автор: БГ/СН/миа/дпа

Редактор: Александра Трајковска