1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американско-европски спор за субвенциите во авио-индустријата

1 јуни 2005

Ескалира спорот тежок милијарди меѓу САД и ЕУ во врска со субвенциите за прозиводителите на авиони Боинг и Ербас. По владата во Вашингтон сега и Европската унија во Брисел најави тужба пред Светската трговска организација.

https://p.dw.com/p/AeOf
САД и ЕУ со тужби пред СТО за авио-субвенциите. Боинг „Дримлјанер 7Е7„
САД и ЕУ со тужби пред СТО за авио-субвенциите. Боинг „Дримлјанер 7Е7„Фотографија: AP/Boeing

Ова веројатно ќе биде најтешкиот и најскапиот трговски конфликт во историјата на Светската трговска организација, изјави во Брисел комесарот за надворешна трговија Питер Менделсон. Спорот одново пламна зашто Ербас побара помош во кредити од 4 европски влади за развојот и градењето на авионот за долги релации А350. Менделсон вели дека на американската страна и е понудено ова државна финансирање да се намали за една третина, но конкурентот Боинг опстојува на коплетно укинување на државното финансирање. Вашингтон воопшто не помисли на компромис, вели Менделсон:

„Во Вашингтон воопшто немаа апетит за компромис. Јас сум разочаран што САД избраа пат на конфронтација со Европа„.

Боинг, објаснува Менделсон, на директен и индиректен начин добива државни субвенции. Имено, преку нарачките од страна на вселенската агенција НАСА, како и од министертсвото за одбрана, за истражување, технолошки развој и за софтвер Боинг во изминатата деценија доби субвенции од 22 милијарди долари:

„За разлика од кредитите за Ербас, Боинг не врати ниту цент„.

Трошоците за развој на планираниот авион на Боинг „Дримлајнер 787„ во 70 насто доаѓаат од американските даночни обврзници. Освен тоа, Боинг со јапонската влада договори нејзино учество во новиот авион од милијарда и 600 милиони долари. Американската влада не ги ни спомнува овие субвенции што го потврдува двојниот аршин во американското однесување:

„Боинг во суштина не страхува од субвенцинирањето, туку од конкуренцијата„, вели Менделсон.