Американски сенатор бара прием на Македонија во НАТО
12 март 2012Покрај за Македонија американскиот претседател Барак Обама пред Самитот на НАТО во Чикаго треба да подготви јасен план за прием и на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија во Северноатлантската алијанса.
Републиканскиот сенатор Лугар, како што е објавено на неговата веб-страница, го предлага законот за да го охрабри натамошното проширување на НАТО и за зацврстување на стратегиското партнерство меѓу САД и сојузниците во Алијансата.
„Проширувањето на НАТО е клучен елемент за зацврстување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии од Централна и Источна Европа и од Балканот. Нивното зачленување во НАТО нема само да ја подобри регионалната безбедност, туку ќе помогне тие да се трансформираат во блиски, економски и безбедносни партнери на САД“, вели сенаторот Лугар.
Тој бара Сенатот да го поддржи неговиот предлог и даги потврди американските заложби за натамошно проширување на НАТОсо Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија.
Автор:СН/ЖА/миа
Редактор: Жана Ацеска