1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американска поддршка за Македонија

Горан Петрески 16 јули 2007

Пофалби за македонскиот ангажман во Ирак и подршка за аспирациите за членство во НАТО. Поранешниот амбасадор на САД во Макеоднија, Батлер денеска престојува во Скопје.

https://p.dw.com/p/BInK
Лоренс Батлер на средба со Лазар ЕленовскиФотографија: DW

Македонските војници остануваат во Ирак се додека коалицијата предводена од САД не реши поинаку. Министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска му го соопшти ова на Лоренс Батлер заменик помошник секретар за Ирак во Стејт де Партментот.

Американскиот дипломат на македонската јавност познат од времето кога беше амбасадор во Скопје се заблагодари за македонскиот придонес за мирот и стабилноста во Ирак. Ги пофали македонските војници „ Македонските сили во Ирак се покажаа многу добро, а впечатокот е многу позитивен“ изјави Батлер.

Во операцијата Слобода за Ирак, Македонија учествува уште од 2003 година со еден вод од специјалните единици. Бројот на војници и натаму останува ист најави министерот Еленовски. „Нашето учество во Слобода за Ирак како Македонија ќе продолжи. Едноставно ние заеднички ги делиме вредностите за кои сме соочени како демократска држава, заедно со лидерот во САД и сметаме дека тоа е патот по кој ние треба да продолжиме да ги градиме вредностите ширум светот.“

Освен за актуелната состојба во Ирак, Еленовски и Батлер зборувале и за прогресот што Република Македонија го има направено во изминатиот период. Американската поддршка за интеграција на Македонија во НАТО породолжува. Еленовски вели дека тоа е позиција и став на американската влада кој е непроменет и нема дополнително да се промени, бидејќи Македонија и САД се насочени во иста насока врз база на заедничките демократски вредности што ги делат како народи и држави. Американската поддршка е една од најзначајните за Македонија особено во финишот пред оддржувањето на самитот на НАТО идната година во Букурешт оцени Еленовски.

Батлер со неговите колеги од Пентагон патува во редовна консулација со нивните партнери за да ги информираат државите за најновите политички насоки на Вашингтон.

Батлер ќе ја посети Тирана, Сараево и Софија. Во меѓународните мировни мисии, Македонија во Ирак учествува со 24 специјалци и пет официри за врска. Во Авганистан со 126 леопарди пешадијци и четворица медицинари. 30 македонски војнции се вклучени во воената мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, под раководство на Европската унија.